Квалитетна Современа Економична

Развоjт во приватниот здравствен сектор во нашиот регион е несомнено неопходен и потребен и на нас, здравствените работници, за поуспешно да си ги извршуваме нашите здравствени делувава но и на пациентите ,поради подобруваве на нивната здравствена заштита. Во контекст на овој факт и оваа потреба за подобруваве на севкупната здравствена состојба, посебно во нашиот регион, одлучивме да го дадеме нашиот допринос во целиот тој развој со организирање и оформување на нова, современа, квалитетна и економична БИТОЛСКА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА. Битолска Лабораторија е нова, современа, квалитетна и економична биохемиска лабораторија со седиште на улица 11 Октомври 5 а во центарот на Битола, спроти влезот од храмот Св.Димитрја. Тоа е организација која според својот профил работи со ФЗО на Република Македонија, што самото покажува дека работи на принципот на склучени договори со ПЗУ по општа пракса. Но поради тоа што БИТОЛСКА ЛАБОРАТОРИЈА самата се претставува како нова, современа, квалитетна и пред се економична, без разлика дали нивниот матичен лекар има или не склучен договор со БИТОЛСКА ЛАБОРАТОРИЈА ,Ќе добиваат услуги по исти цени. Накусо терминот приватни услуги за примарниот пакет од образецот ЛУ 1, нема да постои.

 
На Страна на Пациентите

Битолска Лабораторија во својот домен на работа во прво време ќе дава услуги кои спаѓаат во Биохемијата и Хематологијата за веднаш потоа да започне и со давање услуги кои се дел од Имунологијата и Микробиологијата со поддршка од реноминари партнери од Македонија но и од странство. Заради потребите на пациентите, пред се оние најмалите, БИТОЛСКА ЛАБОРАТОРИЈА ќе работи и попладне и во тој период ќе дава услуги исклучиво од областа на Хематологијата. Овој чекор од наша страна е што повеќе да им излеземе во пресрет на нашите но и Ваши пациенти. Тимот кој ќе ја води севкупната одговорност за квалитетот на услугите што ќе ги добиваат пациентите во БИТОЛСКА ЛАБОРАТОРИЈА е тим составен од реномирани искусни професионалци и млади амбициозни луѓе со големо искуство во лабораториската практика.